Радио Кочани
Кочани

Потпишан договор за партерно уредување на дворот на ОУ „Раде Кратовче“

158

Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, директорот на ОУ „Раде Кратовче“ Глигорчо Гоцевски и претставничката на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Марија Сулејманова, потпишаа договор за реализација на локална акција за партерно уредување на дворот на ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани.

Вкупната проценета вредност за партерното уредување изнесува 3.340.284 денари, во која Ромалитико ќе учествува со финансирање на набавка на материјали со максимална вредност 1.119.400 денари, согласно предмер-пресметката, средства коишто се обезбедени со проектот „Заедно за просперитетна заедница“.

Овој проект е поддржан од Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), а средствата се наменети за имплементација на иницијативи за решавање на проблеми со цел да се подобри животот на припадниците на ромската заедница.

Останатите работи предвидени во предмер-пресметката ќе бидат финансирани од Општина Кочани.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе