Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Синоќа во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа завршницата од проектот „Подобро општество за слепите лица во Кочани“. Истиот е посветен на оние со оштетен вид, слепи и слабовидни.
Реализатор на проектот е ЗГ „Еднакви за сите“ и тој е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан“, финансиран од ЕУ и кофинансиран од Општина Кочани.
Настанот синоќа беше музичко – поетски и се одржа во рамките на програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани.