Радио Кочани
Кочани

Иницијатива за збратимување на Кочани со американската општина Лајонс

416

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска се сретна со Владимир Крстов, претставник на Општина Лајонс, Чикаго, САД, со кого разговараа за иницијативата за збратимување на двете општини.

Со Крстов, кој по потекло е од Кочани, а живее и работи во Чикаго, првично ги разгледуваа можностите за соработка и спријателување на македонската со американската општина.

Се очекува наскоро во Кочани да допатува градоначалникот на Лајонс Кристофер Гети,  за да се реализира иницијативата за збратимување.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе