Радио Кочани
Кочани

Концесии за рудници во Македонија – Економски бенефит или еколошка катастрофа

629

Зависи од многу фактори. Во делови од Македонија активисти протестираат и бараат стопирање на постапките околу отворање на рудници, особено во регионите каде што земјоделството е главна гранка за приход на населението.

Акцентот е ставен на здрава и чиста животна средина, на живот за здрави и среќни поколенија.

Од друга страна, овде во Источниот регион од земјава, уште од средината на минатиот век, успешно функционира Рудникот „САСА“ од Македонска Каменица. Од 1966 до 2003 година „САСА“ функционира како државен рудник со производство на оловно-цинкова руда.

Во тој период вработените работеле напорно на развојот на рудникот, а Македонска Каменица се трансформирала од рурална земјоделска општина во индустриска урбана средина.

Во 2003 година Рудникот „САСА“ се соочи со најтешкиот момент во својата историја, беше затворен. Следуваа три долги и тешки години исполнети со голема неизвесност. Голем број семејства останаа без основната егзистенција, а дел од нив ги напуштија своите домови и заминаа на работа во странство. Социјалната несигурност ја доведе во прашање иднината на заедницата.

Сепак во 2005 – та година „САСА“ добива нови сопственици, меѓународна рударска компанија која инвестираше во рудникот. Една година потоа рудникот е рестартиран и започнува со вработувања на голем број на жители од локалната заедница.

Во меѓувреме забележани се голем број промени во „САСА“. Проширени се постоечките капацитети и воведени нови стандарди и принципи на работа, а набавена е и нова опрема.

Пред точно 10 години во 2014 – та, „САСА“ станува првиот рудник со „А“ еколошка дозвола. 

Најновото поглавје во развојот започнува од ноември 2017 – та кога рудникот станува дел од групацијата ЦЕНТРАЛ АЗИЈА МЕТАЛС со седиште во Лондон. Од приклучувањето кон Централна Азија Металс до денеска, во Саса инвестирани се повеќе од 80 милиони долари во набавка на современи машини, модернизација и дигитализација на техничките процеси, во подигнување на стандардите, условите за работа и унапредување на безбедноста во јамите, во професионалниот развој и едукација на вработените, како и во реализација на капитални проекти кои треба да обезбедат стабилна и одржлива работа и развој на рудникот во следните години.  

Со повеќе од 770 вработени со полно работно време и дополнителен број ангажирани соработници, „САСА“ денес е еден од најголемите работодавачи во источниот дел на земјава, со плати и до 70 % повисоки од просечната исплатена плата во државава.

Формирана е фондација на Рудник САСА за подршка на одржливиот развој на зеаедницата во спортот, културата, образованието и здравствената заштита. Набавена е опрема што дополнително обезбедува безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на Рудникот „САСА“.

Грижата за вработените и соработниците е приоритет на тимот на „САСА“ за нивната безбедност, за локалната заедница и за животната срадина.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе