Радио Кочани
Кочани

Ново осветлување за Споменикот на слободата во Кочани

556

Во рамките на проектот за санација на Споменикот на слободата во Кочани, во тек се активностите за поставување комплетно ново осветлување.

Изведувач на работите е „Електрика“ од Кочани, која деновиве врши ископ, вградување на инсталацијата и бетонирање на фундаментите за светлосните столбови.

Споменикот на слободата ќе биде осветлен со вкупно 22 лед-светлосни арматури, рефлектори и декоративно парковско осветлување. Светилките се штедливи, со 60-70 % заштеда на електричната енергија. Споменикот ќе биде опколен со светилки и од внатрешната и од надворешната страна, ќе има осветлување на мозаичните фризови, а  планирано е и електрично напојување за техничка опрема, со цел просторот да се користи за културно-забавни настани.

Според економскиот оператор, досега се поставени шесте електрични столба покрај пристапната патека кон Споменикот, а работите ќе завршат до Петровден, кога се очекува на оваа локација да се одржат неколку настани од празничната програма на Општина Кочани.

Проектот за реконструкција и реставрација на Споменикот на слободата се реализира со финансиска поддршка од Амбасадата на САД, преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе