Радио Кочани
Кочани

Силното невреме кое вчеравечер го зафати кочанскиот регион направи хаос (ВИДЕО)

7,592

Силното невреме кое вчеравечер го зафати кочанскиот регион направи хаос.

Улиците во Кочани беа претворени во реки, а возилата едвај се движеа од големите количини вода на асфалтот.

Атмосферската канализација не можеше да ја прими огромната количина вода.

Имаше и пријави за поплавени куќи, подруми, гаражи, влезови, паднати дрвја, а и прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет конекцијата.

Кочанските пожарникари беа излезени на терен и постапуваа по пријавите за  испумпување на вода од поплавени улици и објекти.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе