Радио Кочани
Кочани

„Sound Centar“ – Завршен концерт под отворено небо

184

На 24 јуни, понеделник, на излетничко рекреативниот центар „Бавчалук“, во ресторанот „Бавча“, ќе се одржи завршен концерт на учениците од музичката школа „Sound Centar“ на Воислав Петров.

Учениците, на своите инструменти: гитара, бас гитара и тапани ,  ќе го покажат она што го научиле посетувајќи ја музичката школа, при што ќе изведат  популарни домашни и странски хитови.

Концертот ќе започне во 20 часот, ќе се одржи на отворен простор, а на учениците ќе им бидат доделени дипломи за успешно завршената школска година.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе