Радио Кочани
Кочани

Виница – Градоначалникот се сретна со најдобрите ученици од СОУ „Ванчо Прке“

871
Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, оствари средба со најдобрите ученици од СОУ „Ванчо Прке“  и при тоа им додели пофалници за постигнатите резултаи. Како претходната година така и оваа година Општина Виница им доделува пофалница и вредносен ваучер на учениците кои имат постигнато најдобар успех и врвни резултати во текот на нивното образование.

„Лично ме радува фактот што учениците одлучиле своето образование да го продолжат на добри универзитети, каде ќе имат можност да се доизградат во зрели, едуцирани и цврсти кадри кои ќе ја понесат иднината во свои раце“, рече виничкиот градоначалник, Миле Петков.
„Можеби ова е само минимален стимул кој што го овозможуваме со издвојување од Буџетот на Општина Виница, но верувам дека е значаен и дека ќе остане врежан во меморијата на овие ученици и ќе има бар некаква врска со Општина Виница, општината во која се образовале и во која би сакале да го имплементираат своето знаење и умеење“, нагласи на средбата Петков.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе