Радио Кочани
Кочани

Тимот на „Робо Москитос“ учествува на Светското првенство во Првата лего-лига во Соединетите Американски Држави

328

По одличните резултати на Македонското првенство, тимот „Робо Москитос“ настапува на Светско првенство во Првата лего-лига (FLL) што се одржува во Масачусетс, САД.

Македонската екипа составена од десет ученика од Кочани, Виница и од Словенија, двајца ментори и неколку волонтери, е дел од 108-те екипи од целиот свет што претставува рекорден број учесници на ова првенство.

По свеченото отворање на првенството, од утре почнуваат натпреварите. За нашиот град ова е трет настап на Светското првенство во Првата лего-лига.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе