Радио Кочани
Кочани

Училиште за цртање и сликање – Гран при за цртање во природа

406

Училиштето за цртање и сликање при НУЦК “Бели мугри” -Кочани и оваа година зема учество со своите ученици: Лина Спасова, Борис Цветков и Огнен Цеков во РЕПУБЛИЧКИ ДЕТСКИ СРЕДБИ “ЦВЕЌЕ 2024”-  31.05.2024 (петок).

Освоивме гранд при во цртање во природа. Ученичката Мила Захариева освои прво место  на Изложбата на цртежи од ликовен конкурс на тема “Цвеќе”.

Учество во конкурсот и на изложбата земаа следниве ученици: Огнен Цеков, Ведрана Лазарова, Ева Иванова, Драгана Филипова, Мила Захариева, Борис Цветков, Лина Спасова, Ана Каранфилова и Ана Серафимова. Локација: Фоаје на Дом на АРМ Струмица Почеток: 12,30 ч.

Голема благодарност до Организаторите на манифестацијата, а тоа се Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица. Со почит, м-р Александра Димитрова.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе