Радио Кочани
Кочани

Јавно осветлување на кејската улица во Оризари

441

На „Кејската улица“ во Оризари, на 15 фундаменти се поставени метални столбови со светилки, кои веќе се поврзани  со јавното осветлување.

Според стручните служби наредниов период осветлувањето на новата улица ќе се дооформи со уште десетина електрични столба.

За изградба на јавното осветлување на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ се наменети 2 милиона денари.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе