Радио Кочани
Кочани

Во кругот на ТППЕ Кочани одбележан денот на македонските пожарникари

234

Во кругот на територијалната противпожарна единица на Град Кочани  денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите.

Градоначалникот Љупчо Папазов им се заблагодари на кочанските пожарникари и пожарникарите доброволци  за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваа секој ден вршејќи ја својата професија, во заштита на безбедноста на граѓаните.

Потоа следуваше и доделување на  наградата за најдобар пожарникар во 2023 година и Награда за најдобар доброволен пожарникар за минатата година.

 

 

Една од најхуманите професии е онаа на пожарникарите. Кога ние се повлекуваме, тие херојски застануваат во првите борбени линии. Во борба против огнената стихија, секојдневно изложени на ризик, но и со голема одговорност.

Радио Кочани на нашите пожарникари им го честита празникот и им посакува што помалку работа во оваа тековна 2024 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе