Радио Кочани
Кочани

Започнаа уписите во прво одделение во кочанските основни училишта

345

Уписите во основните училишта во Кочани започнаa денеска, а согласно Законот за основно образование, училиштата ги опфаќаат учениците од својот реон утврден од основачот на образовната установа. Училиштата доставуваат покана за упис на детето, со термин кога родителот треба да се обрати кај нив.

Родителот е должен да се јави во училиштето во кое детето е училиштен обврзник. Минатата година образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Кочани го започнаа 259 првачиња, додека во 2022 година беа запишани околу 310 првачиња.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе