Радио Кочани
Кочани

Започна Велигденската програма во кочанскиот Градски парк

720

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денеска започна Велигднескиот хепенинг во Градскиот парк во Кочани со богата културно – забавна програма.

Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани приреди Велигденски пазар на можности, придружен со музички настапи на дечињата, а настапија и ученици од ОУ „Никола Карев“.

ЈОУ Библиотека „Искра“ приреди Велигденска работилница, а во знакот на големиот христијански празник Школата за цртање и сликање при Центарот за култура „Бели мугри“ –Кочани приредија велигденски ликовен перформанс. Младинската банка Кочани, којашто е поддржана од ФРЛЗ – Штип, одржаа Велигденска работилница.

Забавните содржини продолжуваат во текот на денот, со почеток во 17 ч., во Градскиот парк ќе настапат ѕвездите од „Дајте музика“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе