Радио Кочани
Кочани

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

273

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани.

Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ –Кочани.

Младинска банка Кочани, којашто е поддржана од ФРЛЗ – Штип, ќе одржи „Велигденска работилница“.

Со почеток од 17 ч., во Градскиот парк ќе настапат ѕвездите од „Дајте музика“.

При неповолни временски услови, можна е промена на термините на програмските содржини, за што јавноста навреме ќе биде известена.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе