Радио Кочани
Кочани

Награди на Државниот натпревар по музика за ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

467

На 62. Државен натпревар по музика што се одржа на 25 и 26 април во Битола, учениците  од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, Бјанка Димов и Јован Цветанов, под менторство на наставникот Благој Николов во дисциплина теорија на музиката ги освоија највисоките награди – прво место – специјална награда и прва награда.  
Макарија Иванова, ученичка во класата на Марија Лазарова, во дисциплината пијано  освои втора награда, а Јован Цветанов, под менторство на Душан Стојанов освои трета награда.

Изминатиот период учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ учествуваа на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ во Штип, од каде што се вратија со 15 први, четири втори и една трета награда во дисциплините пијано, гитара и хармоника.

На IX Интернационален фестивал „Полихимниа“ што се одржа на 21 април во Скопје,  ОМУ „Ристо Јуруков“ се збогати со уште две втори и една трета награда во дисциплините флејта и пијано.

Постигнатите резултати се доказ за продолжување на традицијата на ОМУ „Ристо Јуруков“ во создавање кавалитетни музички кадри и ширење на музичката писменост и култура.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе