Радио Кочани
Кочани

До 10 часот во Општина Кочани гласале околу 7 проценти од запишаните избирачи

236

Денеска Македонија гласа на седмите по ред претседателски избори од осамостојувањето. На гласачкото ливче се запишани вкупно седум кандидати.

Утрово во седум часот во Општина Кочани беа отворени 63 гласачки места во кои право на глас имаат 28 027 гласачи, како и 4 389 лица со привремен престој во странство кои имаат право да искажат својата воља на Претседателските избори 2024.

Околу 10 часот, три часа по отвореањето на избирачките места, наша екипа направи куса обиколка, при што беше констатирано дека гласањето се одвива во најдобар ред, мирно и без пријавени неправилности. На поедини гласачки места до овој период своето право на глас го искористиле околу 7 % од граѓаните.

Гласовниот процес според ДИК го следат вкупно 1 601 набљудувачи од кои 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи.

ДИК ги повикува сите граѓани да излезат на гласање и да го искористат своето право на глас.

Избирачките места се отворени до 19 часот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе