Радио Кочани
Кочани

Библиотека „Искра“ – Денеска чествување посветено на книгата

138
По повод 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани на 22 април (понеделник) во 12 часот, ќе го реализира традиционалното чествување посветено на книгата.

Најпрво ќе бидат прочитани пораките за 2024 година посветени на Светскиот ден на книгата и авторското право : светската порака од генералната директорка на УНЕСКО, г-ѓа Одре Азуле и македонската порака што оваа година ја напиша нашата позната поетеса, пијанистка и композиторка Ива Дамјановски. Традиционално, како години наназад ќе бидат прогласени најдобрите читатели на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани, а ќе следува и литературно читање на членовите на ЛК „Копнеж“ на лични творби кои се напишани за најновиот билтен посветен на 23 Април.
Воедно, наши гости ќе бидат најдобрите читатели прогласени во подрачната библиотека во н. Оризари.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе