Радио Кочани
Кочани

Со културно-забавна програма заврши одбележувањето на Денот на Ромите во Кочани

823

Синоќа, на Градскиот плоштад во Кочани се одржа културно-забавна програма, со која Општина Кочани го заокружи одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Публиката имаше можност да го проследи музичкиот настап на учениците Амит Ибраимов и Севгулана Ибраимова од Кочани, на повеќе интерпретатори, оркестри и бендови, како и стендапот со „Мртва инфузија“ од Штип. Во вечерните часови младите се забавуваа со музиката на неколку диџеи.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе