Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Љупчо Папазов им го честита Рамазан бајрам на муслиманските верници

147

Во пресрет на Рамазан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед.

– На  сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Рамазан бајрам. Празникот на братската љубов и на хуманизмот нека нѐ учи сите дека верската различност треба да биде мост за зближување, за подобро разбирање и поголема толеранција.

На муслиманските верници им го честитам празникот и им посакувам  здравје, бериќет и милост во секој дом, духовен, морален и солидарен напредок –  стои во честитката од градоначалникот Папазов.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе