Радио Кочани
Кочани

Со ждребување – определен редоследот за истакнување изборни плакати за претстојните избори

311

Денеска во Општина Кочани се одржа ждребување за определување на редоследот за истакнување изборни плакати за претстојните претседателски и парламентарни избори, без надоместок. Од пријавените четири организатори на изборната кампања, учествуваа тројца.

Раководителот на Одделението за правни и општи работи во Општина Кочани, Венцо Бојков ја образложи Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување места за истакнување изборни плакати и условите за добивање право за користење на местата за истакнување на изборните плакати на подрачјето на Општина Кочани.

По ждребувањето, на определените локации согласно Одлуката, организаторите на изборната кампања кои од Државната изборна комисија имаат потврдена листа на кандидати за избор на претседател и за парламентарните избори, ќе се претстават по следниот редослед: Левица, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

По завршување на ждребувањето, корисниците на просторот за истакнување плакати треба уредно да ги отстранат плакатите.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе