Радио Кочани
Кочани

Започна предизборната кампања – Прес на ЗНАМ во Кочани…

473

Драги сограѓани.

Се сеќавате ли на старата македонска народна песна „Возот браќа тргнува?“ Во песната возот одеше за Германија, ама за жал, не само во песната. Во последните десетина години многу возови, автобуси и авиони заминаа за Германија. Во нив беа наши луѓе, наши деца и внуци. Не им беше битно што ќе бидат во туѓина. Само им беше важно да избегаат што подалеку од Македонија. Колку е жална и самата помисла дека некој се радува што ќе биде далеку од својот роден крај и од својата татковина. Но дали е во нив целата вина? Дали истата таа држава им овозможи пристоен и достоинствен живот? Дали им обезбеди правда и сигурност? Дали воопшто се обиде да им понуди можност на квалитетните и чесни млади кадри да ја вложат својата креативност во организирање на општествениот живот? Одговорот сите го знаеме, но вистинското прашање е КАКО ДА ЈА ПОПРАВИМЕ ГРЕШКАТА И ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА? КАКО ДА ГИ НАТЕРАМЕ СИТЕ ШТО ЗАМИНАЛЕ ДА ПОЧНАТ ДА РАЗМИСЛУВААТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО СВОЈАТА РОДНА ЗЕМЈА?

Драги пријатели. Во Движењето ЗНАМ за наша Македонија постои човек што има одговор на овие и на многу други горливи прашања. Тој човек е чесен и храбар. Тој е човек со визија. Тој човек е Максим Димитриевски. Како кандидат за Претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски денес официјално ја започнува својата битка од легендарното Крушево. Но тоа не е само негова битка. Тоа е и наша битка. Тоа е битка за спас на Македонија. Затоа, дојдете утре,петок во 19.30 часот во МКЦ во Кочани и слушнете што има да ви каже. Слушнете и уверете се во неговата искрена и чесна намера да биде преседател на сите граѓани на Македонија.

Истовремено ве известуваме дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија ги утврди листите за кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори. За носител на листата во ИЕ-3 е избран  г.Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и доктор на историски науки. Од нашите сограѓани на листата се најдоа Суад Мехмед со реден број 2 и Стојанка Стефановска на позиција број 13. Им честитаме на изборот и им посакуваме многу среќа.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе