Радио Кочани
Кочани

Во Кочани – Нападнат малолетник и пронајдени 54 патрони за ловечка пушка во контејнер…

1,981

На 02.04.2024 во ОВР-Кочани, В.Т.(54) од Кочани пријавила дека на 01.04.2024  околу 12.00 часот на ул.„Партизанска во Кочани И.Н. и Р.Н. физички го нападнале нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.04.2024 во 18.00 часот полициски службеници од ОВР Кочани на ул.,,Стамен Манов“ во Кочани,  во контејнер кај фабриката за вода пронашле 4 кутии со 54 патрони за ловечка пушка. Се работи на расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio