Радио Кочани
Кочани

Памела Ивановска од Кочани е неприкосновен победник на 12 тите ораторски вечери. Нејзиниот победнички говор никого нема да остави рамнодушен.

3,409
На синоќешните XII Ораторски вечери на УГД, во организација на Правниот факултет од Штип, победата повторно однесена и донесена во Кочани! Во категоријата за средношколци оратори, победник од жири-комисијата е Памела Ивановска од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
Настанот се одржа во полниот амфитеатар на Економскиот факултет во Штип. Ораторите се натпреваруваа во две категории: средношколци и студенти. Од вкупно седум средношколци кои влегоа во финалето, наши ученици, претставници на СОУ „Љупчо Сантов“, беа дури четворица (да се потсетиме, истиот сооднос го имавме и на ланската финална вечер).

 

СОУ „Љупчо Сантов“ со посебна гордост ја истакнува и овогодинешната победа.  Минатата година  најдобриот  оратор Ивона Тодорова ја зема првата награда од публиката, а овој пат најдобриот оратор Памела Ивановска е неприкосновен победник од жири-комисијата.
Четворицата кочански оратори: Памела Ивановска, Даниела Алчинова, Ексенија Јанева и Илина Донева имаа блескави настапи. Низ слоганот „Размислувај слободно, зборувај гласно“, тие во своите говори на слободна тема, со сигурен став зад говорницата, ги истакнаа нивните критички погледи кон проблемите и аномалиите во нашето опкружување. Даниела јавно го обелодени „македонскиот политички театар“, вклучувајќи инвентивен потег во настапот со еден препознатлив реквизит. Ексенија низ сатира и умешна интонација го исмеа македонскиот менталитет. Илина критички се осврна на темата за менталното здравје.

 

Секој нивни настап беше френетично поздравен од публиката. Но, веројатно публиката не памети толку емотивен настап на ораторските вечери како што тоа се случи со кочанчанката Памела Ивановска. Салата беше во воздишка, а присутните низ солзи се обидуваа да ги средат своите впечатоци. Памела говореше за лична загуба на член од своето семејство, осудувајќи го системот и жестоко напаѓајќи ги неправилностите на Одделението за онкологија, што беше актуелен настан во медиумите. Потресна приказна која нејзе ѝдонесе мала сатисфакција и огромна победа за нејзината храброст.
Честитки до сите оратори од Кочани!

 

Погледнето го видеото од 6 ипол минути во целост…

https://www.youtube.com/watch?v=E0bDuQkpkJc

Негуваме и докажуваме таленти, подготвувајќи од нив гласноговорници кои се одважуваат да зборуваат на теми за кои јавноста и институциите честопати премолчуваат.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе