Радио Кочани
Кочани

Во тек е надградба на постојните улични кабинети за заштеда на електричната енергија во јавното осветлување во Кочани

400

Во рамките на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“, во тек е надградбата на постојните улични кабинети со паметни уреди за управување и мерење на енергијата во системот за јавно осветлување во општина Кочани.

„Македонски телеком“ како изведувач на работите, постави паметни уреди во 13 од планираните 69 ормани за управување со електричната енергија. Надградбата претставува чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани, односно ќе придонесе за заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија и за подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување во Кочани.

Реализацијата е поддржана од проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој“.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе