Радио Кочани
Кочани

ФА “Осоговски извор” со плакета за најдобра вокална изведба и најдобра инструментална изведба…

363

Фолклорниот Ансамбл “Осоговски извор” е основан од неодамна од страна на членовите на веќе познатиот народен оркестар “Осоговски извор”.

Ансамблот во јануари го даде својот прв целовечерен концерт на домашен терен во с. Оризари, а вчера по повот празникот Тодорова сабота, настапи на Меѓународниот фестивал “Тодорица” во Свети Николе.

Фолклористите од таму се вратија со две плакети, плакета за најдобра вокална изведба и плакета за најдобра инструментална изведба.

На фестивалот учествуваа околу 300 учесници, кои заедно одиграа заедничко оро на дефилето во центарот на Свети Николе. Гран При наградата замина во рацете на Ансамблот “Студио фолклор” од Скопје. Плакетите ги поттикнуваат членовите за уште повеќе да се вложат и со голем елан да работат на основната цел на Ансамблот, зачувувањето и негувањето на македонскиот фолклор, игра и песна. Воедно, потврдуваат дека за краток временски период и со многу љубов кон фолклорот можат да се постигнат големи успеси.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе