Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОДРЖАН ШАХОВСКИ ТУРНИР СО СЛЕПИ И СЛАБОВИДИ ЛИЦА
Во рамките на проектот: „Подобро општество за слепите лица во Кочани“спроведуван во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Кочани, Здружение Еднакви за сите Кочани денес ја спроведе активноста шаховски турнир.
![]()
За подобрување на квалитетот на животот на слепите и слабовиди лица и зголемување на нивниот спортски дух цвчера се одржа шаховски турнир со слепите и слабовиди лица од Кочани.
Шаховски клуб Кочани со задоволство ги отвори вратите за претставниците од Здружение на слепи Кочани и Здружение Еднакви за сите Кочани во интерес на зголемување на шаховските вештини и дружење со слепите и слабовиди лица од Кочани. Како што се знае дека резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот а воопшто не зависи од среќата така денес сите присутни на шаховскиот турнир споделуваа искуства и знаења и ги зголемуваа не шаховските туку животните вештини.
Играчите наизменично влечеа потези со цел да го матираат противникот, но и несебично со многу трпение гласно објаснуваа, даваа препораки и мислења. Како што милуваат да кажат шахистите денешната гимнастика на мозокот ги носи да станат големи мајстори во шахот само кога ќе си сватат сопствените грешки и слабости, исто како во животот. Шаховската дружба протече во добро расположение и пријатна атмосфера, партиите шах се завршуваа со победи и реми но денес сите добија нови познанства, искуства и вештини. Претседателот на Шаховски клуб Кочани, г- дин Благој Ситновски и останатите членови на клубот укажаа големо гостопримство и почитување, искажаа убави зборови и отвореност за соработка со слепите и слабовиди лица. Како што вистинскиот херој игра шаховска партија за време на битката, без оглед на нејзиниот исход исто така треба да се бие која животната партија. 
