Радио Кочани
Кочани

Одбележан патрониот празник на ООУ „Раде Кратовче“

607

Учениците од ОУ ,Раде Кратовче ,” со бројни активности го одбележаа патронатот на училиштето и 80. годишнината од смртта на македонскиот народно ослоботителен борец Раде Кратовче, чие име го носи.

Традиционалното  одбележување на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан.

Во име на Општина Кочани свежо цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Љупчо Папазов, претставници од Училиштето ,,Раде Кратовче” , претставници од Здружение на борци на Македонија и останати граѓани.

Патрониот празник на училиштето се одбележа со свечена програма на која беа доделени награди и признанија на учесниците на литературниот и ликовниот конкурс распишан за истиот повод, а наградени беа и нивните наставници.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе