Радио Кочани
Кочани

Во тек се градежни работи во Лесна Индустрија и Усова Чешма

547

На неколку локации во општина Кочани се одвиваат градежни активности за уредување на патната и комуналната инфраструктура.

Во Лесна Индустрија се поставени цевки за атмосферска и фекална канализација и веќе се работи на машински ископ за порамнување на теренот за изградба на улицата „Новопроектирана 1“. Тековните работи ги изведува „Калина“ од Оризари, а во наредниот период ќе биде распишана јавна набавка за асфалтирање на оваа улица. Средствата во висина од близу 4 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Во населбата Усова Чешма, се поставува фекална канализација на крак од улицата „Мишо Арсов“. Работите ги изведува КЈП „Водовод“, а со изградбата на овој крак со канализацискиот систем ќе бидат поврзани десетина домаќинства.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе