Радио Кочани
Кочани

19-годишно момче со пиштол влегол на бензинска пумпа во Кочани

8,705

 

На 17.02.2024 во 03.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.30 часот со пиштол во рака влегол во бензинска пумпа во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож.

Според пријавеното, откако заминал, вработениот пронашол четири куршуми калибар 7,62 мм., кои биле подигнати заедно со ножот за понатамошна постапка.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе