Радио Кочани
Кочани

Познати се производителите на најдобрите вина и ракии во Општина Виница

3,280
Со дегустација на вино и ракија започна одбележувањето на лозароовоштарската вечер во Виница. Вчера вечер се дегустираа мостри од вина и ракии од страна на стручни лица кои имаа задача да утврдат од која мостра „едноставно ќе пиете и ќе уживате“.
Се тестираа мирисот, вкусот, бојата и други карактеристики кои ја дефинираат самата мостра.
Овој настан во Општина Виница се одбележува повеќе од четири децении и за производителите на вино и ракија претставува значаен репер кој го бележи усовршувањето на нивниот занает.
Фејсбук објава на Општина Виница

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе