Радио Кочани
Кочани

ОТВОРЕН НОВИОТ МЕДИКАЛ СПА-ЦЕНТАР „МАГНЕЗИУМ“

6,350

Ништо поубаво од релаксирачки спа-третман, со кој ќе заборавите на сите грижи. Одличен начин да ги наполните батериите, да си овозможите малку уживање што благотворно ќе влијае на вашето здравје.
Сето тоа е веќе на чекор од вас. Новиот Медикал спа-центар „Магнезиум“, раскошно распослан во недрата на хотел „Центробизнис“ – Виница, ќе го освежи вашето физичко, но и ментално расположение.
Природни материјали, модерен дизајн на просторот, панорамски прозорци со отворени погледи, врвна персонализирана услуга, со посебно внимание посветено на секој детаљ, одлично се вклопени во совршеноста на ова место за уживање и одмор.
Овој модерно дизајниран Медикал спа-центар, со природно минерална вода која доаѓа од длабочина од повеќе од 100 метри, содржи голем базен и помал базен, лежалки и џакузи, фитнес простор, како и катче за релаксација со пинг-понг и билјард.
Во моментов и самата цена на услугата е навистина е достапна и промотивна за секого, бидејќи резервацијата за целодневен престој по лице изнесува само 600 денари.
Дополнително, менаџментот на хотел „Центробизнис“ не застанува тука. Се работи на воведување спа-елементи, како сауна, парна бања, голема хидромасажна када и третмани за масажа.
На располагање на гостите во хотелот се 75 соби и апартмани, поседува секогаш достапен паркинг простор, врвни ресторани за секакви свечености и исклучителна храна и пијалоци. Не треба да патувате стотици километри и да минувате граници.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе