Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани отуѓува осум парцели државно градежно земјиште

1,103

Општина Кочани ја распиша 38. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба осум градежни парцели, сите со намена индивидуално домување.

Четири од парцелите се наоѓаат на улицата „Февруарски поход“, а по две се на улиците „Митко Тодоров“ и „Пиринска“. Површините се движат од 178 до 325 м2.

Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 15 јануари 2024 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 17 јануари.

Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе