Радио Кочани
Кочани

( Видео) Европа 92 – Наскоро нова инвестиција од автоматизирани роботски машини

2,553

Печатницата ЕВРОПА 92 е печатарско-графички бренд кој успешно се носи со европската конкуренција.  Сето тоа благодарение на визионерските потези и инвестиции и следејки ги во чекор современите текови во графичката индустрија. Така се создаде респектибилен производствено-административен простор од 8500 м2 , а растеше и бројот на вработени.

Во ЕВРОПА 92 работникот е на прво место, а грижата за него е постојана. Таквата определба се потврдува со организирање стручна обука на нововработените лица, кои се оспособуват и се стекнуват со напредни квалификации за современите барања на графичката и печатарската индустрија, бидејќи само така се гарантира одржливост на долгорочен план. Во овој се повеќе дигитален свет, професионалниот начин на комуникација со потенцијалните и редовни клиенти.

Како резултат на сето ова, ЕВРОПА 92 има континуиран раст на производството, како финансиски така и материјално. Порастот е континуиран во последните пет години и е со стапка на раст од над 20%. Голем дел од производството е за домашниот пазар, но значаен дел е наменет и за извоз. Во последните години направен е пробив во земјите на Европската Унија меѓу кои Германија, Грција и Бугарија, како и постојан извоз во земјите од соседството. Гаранција за успешно извршената работа се производствените капацитети со најсовремена графичка опрема, тим од врвно обучен кадар и примена на ISO стандардите.

Најавена е нова поголема инвестиција со автоматско-роботски печатарски машини за идната 2024 година, што е прв ваков проект во нашата земја и пошироко на Балканот, за што Радио Кочани навремено ќе информира.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе