Радио Кочани
Кочани

Триесет студенти ќе користат стипендии од Општина Кочани во студиската 2023/24 година

995

Вкупно 30 студенти што ги исполниле условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање, ќе бидат стипендисти на Општина Кочани за студиската 2023/24 г.

Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на Конкурсот пристигнале 34 пријави. Од нив 12 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето13 – според критериумите за социјално загрозени семејства и петмина студенти се од факултетите за медицински науки.

Четворица од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, затоа што повторувале година или не студираат на државен универзитет.

Стипендиите со месечен износ од 3 илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2023/24 година.

Одлуката и ранг-листата на општинските стипендисти се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе