Радио Кочани
Кочани

ООУ„ Климент Охридски“ – Облешево : Засадување Гинко дрвца за почеток на одбележување на патрониот празник

435

ООУ„ Климент Охридски“ –Облешево , го чествува патрониот празник. Во чест на патрониот празник на нашето училиште ООУ „Климент Охридски- Облешево, започнуваме со повеќе активности по тој повод. Денес во паркот на централното и подрачните училишта засадивме садници од ГИНКО дрвца кои ги донираше за нашето училиште, Томе Стојанов-Гинко , кој потекнува од нашата општина.

Гинко дрвото е симбол на здравје и долговечност . Со таа симболика во името на нашето училиште ви го честитам патрониот празник на вработените, учениците, родителите и локалната заедница од општина Чешиново-Облешево . Честит празник Св. Климент Охридски просветител и заштитник на нашето училиште!

Јорданчо Костадинов, директор на ОУ „Климент Охридски“

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе