Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани се одржа чинот на примопредавање на донацијата во опрема од Амабасадата на Сојузна Република Германија во Скопје за Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Донацијата на кочанските доброволци им ја предаде претставник од економскиот оддел на Германската амбасада во Македонија.
Опремата што ја добија како донација, на членовите на Доброволното противпожарно друштво од Кочани ќе им послужи во текот на нивните активности во случај на пожари, поплави, сообраќајни незгоди и други природни катастрофи кои го загрозуваат животот и имотот на граѓаните и стопанските субјекти.
Доброволното противпожарно друштво од Кочани постои од 2021 година и оттогаш редовно е партнер во сите активности на професионалните пожарникари од ТППЕ.
Германската амбасада денеска при престоојот во Кочани го поздравува хуманиот доброволен ангажман на членовите на ДПД, кои освен во вид на помош во цивилната заштита се активни и во обуки на најмладите од различни области, како и во поглед на заштитата и унапредувањето на животната средина.