Радио Кочани
Кочани

Мајка од Кочани пријавила дека и исчезнала нејзината тринаесетгодишна ќерка

18,739

На 01.12.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, З.Н.(32) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(13).

Според пријавеното, набргу потоа, таа испратила порака на родителите да не ја бараат и дека ќе оди во странство.

Малолетничката неколку пати досега се оддалечувала и враќала во семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе