Радио Кочани
Кочани

Карикатури од „Ин Виница веритас“ пред кочанчани

294

Изложбата „Карикатури“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „IN  VINICA  VERITAS“ –  денеска беше отворена во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.

Пред љубителките на овој вид на уметност во салонот „Фоаје 2“ свое обраќање имаа Александра Димитрова , стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн во кочанската Национална установа и Благица Стојанова, директор на ДК „Тошо Арсов“ од Виница.

Како што беше истакнато на изложбата се поставени 50 карикатури од годинешниот XV Меѓународен фестивал за хумор и сатира „ IN  VINICA  VERITAS“ на кој учествуваа уметници – карикатуристи од 48 земјо од светот со вкупно 622 карикатури.

Кочани е првиот град во Македонија каде што е поставена изложбата и кај нас ќе биде достапна да се посети до 7 – ми овој месец.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе