Радио Кочани
Кочани

ОО СДСМ КОЧАНИ- Поминаа две години од мандатот на Папазов и ДПМНЕ – Нема проекти, нема резултати

599
Почитувани,
Поминаа 2 години, половина од мандатот како локална власт на Папазов и ДПМНЕ во Кочани.
Заклучокот е поразителен – ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти, нема резултати!
Безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборната програма на градоначалникот.
Каде е катната гаража? Каде е новиот градски парк? За изградба на старечки дом и спортска сала да не зборуваме. Се вети и изградба на социјални објекти за лицата населени во објектот стара касарна за што пари во буџетот се обезбедени со години.
За дел од овие проекти има и средства и проектна документација, а дел се наследени од претходното владеење на СДСМ на локално ниво. Од централната власт на СДСМ само за локални патишта се исплатени 4,6 милиона денари.
ДПМНЕ и Папазов го зголемија надоместокот за паркинг 100%, надоместокот за геотермалната енегија за 60%, веќе на пат е покачување на комуналиите!
Не се реализирани проектите од програмата за оваа година ни со 30%, сега ја кратат, замачкуваат за да манипулираат со граѓаните дека нешто сработиле. Освен кратењето на буџетот од капитални инвестиции за да остане за вработувања на партиските активисти, нема ништо друго.
КЈП Водовод промени неколку директори, за од ликвидно јавно претпријатие остане само 40 милионската сума во минус, се со цел да се згрижи нивното членство.
Исплатија скоро 8 милиони денари веднаш по изборите со што граѓаните сами  закличија како се водеа истите.
Од водечка општина по проекти застанаа и тие што претходно беа започнати.
Дали пак ке не задолжат со милиони во општината и јавното претприкатие, за повторно идни генерации да ги исплаќаат? Вака се сака својата држава? Ова е патриотизам? Ова е грабеж, добро познат на граѓаните. Да не дозволиме да се повтори ваква власт, да не се повтори Папазов и ДПНЕ!
Со почит,
ОО СДСМ Кочани
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе