Радио Кочани
Кочани

АВТО АТОМ ве води на еднодневна тура во Охрид – со посета на гробот на Свети Климент…

487

Термин – 08.12.2023

(петок – неработен ден)

државен празник свети Климент

Цена: 1090 денари

 

Тргнување од Кочани во 4:30. Се упатуваме кон Охрид со попатни паузи. Пристигнување во Охрид во 9:30.

Од плоштадот во Охрид се упатуваме кон Црквата Богородица-Перивлепта (Богородица која гледа се). Во оваа црква биле сместени моштите на Свети Климент. Попатно застануваме во античкиот театар.

Потоа ја посетуваме Црквата Свети Климент и Пантелејмон (Плаошник). Единствена црква со такво име во Македонија и пошироко. Таму се сместени останките на Свети Климент.

Потоа ја посетуваме црквата Јован Канео. Се движиме по патеката која не води покрај самото езеро и преку мостот на вљубените.

Посета на  катедралната Црква Света Софија.

Ја посетуваме националната работилница за изработка на хартија каде е сместена реплика на Гутемберговата преса. На таа преса е печатена првата библија.

Индивидуална посета на Градскиот музеј (Куќата на Робевци) во која се изложени многу историски артефакти кои датираат од пред нашата ера се до 19 век. Во музејот се наоѓа и златната посмртна маска на македонски владетел. Слика од таа златна маска се наоѓа на банкнотета од 500 денари.

Потоа се упатуваме кон плоштадот. Слободно време за прошетка, кафе и ручек. Се наоѓаме на договорено место.

Посета на црква Богородица – Каменско. Една од најубавите цркви во Охридскиот регион. Со автобусот се упатуваме кон манастирскиот комплекс Калишта. Таму се сместени 3 цркви. Најстара е малата пештерска црква. Таму се наоѓаат и келиите во кои биле сместени монесите. Во комплексот се наоѓа и црквата Рождество на Пресвета Богородица во која е сместена чудотворната икона на Богородица. Таа е една од највредните икони во Македонија и се верува дека има лековита моќ.

По посетата се упатуваме кон Кочани.

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадена локација
  • Лиценциран придружник при целото патување
  • Посета на црква Богородица Перивлепта
  • Посета на црква свети Климент и Пантелејмон (Плаошник)
  • Посета на црква Јован Канео
  • Посета на црква Света Софија
  • Посета на национална работилница за хартија
  • Посета на музеј на град Охрид (куќата на Робевци)
  • Посета на црква Богородица – Каменско
  • Посета на манастирски комплекс Калишта

Во цената не е вклучено:

  • Влезница во црквата Богородица Перивлепта (не е предвидено влегување)
  • Влезница во црквата Света Софија (не е предвидено влегување)
  • Влезница во музејот на град Охрид
  • Влезница во пештерската црква во Калишта
  • Индивидуални трошоци.

Организиран превоз од:

Виница, Кочани, Штип, Овчеполе, Велес.

 

Adresa: Dimitar Vlahov bb. – Kocani
Kontakt: +38933270765 /+38970336307
Web: www.avtoatom.mk
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе