Радио Кочани
Кочани

На 28 ноември – Младинска крводарителска акција во Кочани

285
Црвен крст  – Општинска организација Кочани во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во вторник на 28 ноември ќе ја реализира предвидената младинска акција за дарување на крв.
Акцијата е наменета за сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица и ќе се реализира во периодот од 9 до 14 ч. во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
-Акцијата е 17 по ред што се реализира во тековната година, а втора акција исклучиво наменета за средношколци и млади лица. Ги повикуваме сите млади лица над 18 години, средношколци и студенти да се вклучат во акцијата и со хуманиот гест на првократно крводарување да станат дел од големото семејство на крводарители, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе