Радио Кочани
Кочани

Виница – Учителот Ангел Богатиновски 91 – от роденден го прослави со промоција на книга

3,402
На својот 91 роденден, синоќа во Библиотеката „Ванчо Прќе“ во Виница, Ангел Богатиновски ја промовираше својата втора книга што ја насловив „Цртички од животот“. Станува збор за човек со многу енергија во себе кој и пркоси на својата возраст. Тој е роден во Оризари но речиси сиот свој живот го минува во Виница како учител, пасиониран собирач на локални архаизми, истражувач и сега како поет и раскажувач.

„Ова е најубавиот, највредниот роденденски подарок што некогаш сум го добил. ’Цртички од животот’ се навистина цртички од мојот живот, секвенци од долгометражен филм“, рече на промоцијата авторот Ангел Богатиновски.
 Според директорката на виничката Библиотека, Лилјана Капевска, Богатиновски останува книжевен споменик на еден изминат век, изграден од мозаични цртички од љубов кон децата, учениците, семејството, кон сопствениот народ и неговата култура, кон работата…
Роденденот на Ангел Богатиновски му беше честитан на мошне интересен начин, се разбира имаше и торта…
Книгата „Цртички од животот“, инаку, се состои од пет дела во кои се поместени легенди, преданија и песни за родниот крај, поезија и уште по нешто за неговата учителска професија, има страници за неговата најголема љубов, дел насловен како и книгата „Цртички од животот“ и страници посветени на жената…
Значаен дел од промоцијата на книгата на Богатиновски беа знаењата на учениците стекнати во школите и секциите што се дел од ДК „Тошо Арсов“.
Книгата е отпешатена во 500 примероци, со подршка од Општина Виница. Освртот кон книгата го има напишано Љубинка Ајтовска.
Ангел Богатиновски е татко на две ќерки. Едната е Силвана Јаневска, актерка која целиот свој живот го помина на „штиците што живот значат во ЦК „Бели мугри“ во Кочани
Среќен роденден чичко Ангел, Радио Кочани ти посакува добро здравје и да ти се множат книгите и годините!
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе