Радио Кочани
Кочани

Денеска – Започнуваат „Деновите на медот“

424

„Деновите на медот“  започнуваат денеска во Паркот на Револуцијата во Кочани. Станува збор за традиционална манифестација чиј домакин и организатор е локалното пчеларско здружение „Матица“.

Се очекува во текот на веќендот присуство на неколку десетици  излагачи од сите краеви на Македонија. Освен мед и други пчелни производи ќе има излагање и на опрема што се користи во пчеларството.

Годинава „Деновите на медот“ се одржуваат по 26 пат и имаат хуманитарен карактер.

П Р О Г Р А М А

за манифестацијата

ДЕНОВИ НА МЕДОТ

Кочани 2023 година

21.10.2023 година (сабота )

09.00 – Дочек на гостите и излагачите

11.00 – Свечено отварање на манифестацијата (Парк на револуцијата)

– Поздравен збор од градоначалникот на општина Кочани

– Обраќање до присутните од Претседателот на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија

Културно – уметничка програма:

– настап на ученици од ООУ „Раде Кратовче“ од Кочани

– настап на ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани

– настап на ученици од музичката школа „Sound Centar“ од Кочани

– Фолклорен настап на КУД „Руен“ од Кочани

12.00 – Посета на штандовите и запознавање со излагачите

22.10.2023 година (недела)

12.00

– Поделба на благодарници на учесниците

 

16.00 – Затворање на манифестацијата

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе