Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов “Све ли ја да мислам”, а по текст на Божидар Божиновски (Моџо)
Премиерата тргна од Прилеп, продолжи во Струмица,Кавадарци и Гевгелија. На овие три настани Бојан собра близу 2000 луѓе.
Кочани е следен на агендата:
„Минатиот пат си поминавме прекрасно во Кочани.
Одлична публика која разбира стендап и дозволува да нагазиш на материјалот.
Верувам во полна сала како и секогаш. “, открива Велевски.
Продажбата веќе се одвива со брзо темпо. На 3 денапред настанот над 250карти веќе се продадени до овој момент, а настапот е во четврток, 20ч.
Карти имате во Шишко Тобако. (200ден)
Ова е атмосферата од досегашниот тек на турнејата.