Радио Кочани
Кочани

Граѓаните со душа чекаат да дојде четврток. Денеска пазарот беше преполн, ама колку се купуваше и продаваше (ВИДЕО)

4,772

Денеска на градскиот пазар во Кочани вообичаена слика.

Купувачите дел со полни ќеси, дел само загледуваат на тезгите со овошје и зеленчук.

Некои поретко купуваат поради високите цени и ниските плати и пензии и се ценкаат, додека пак дел успеваат да си дозволат на трпезата да имаат намирници по свој вкус и не прашуваат за цена.

Тоа го забележуваат и продавачите, кои велат дека прометот варира на дневно ниво, а заработувачката е отежната.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе