Радио Кочани
Кочани

Реализирана јавна расправа за проектот Подобрување на водната инфраструктура на општините

275

Денеска, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Министерството за животна средина одржа јавна расправа со општините од Североисточниот и Источниот плански регион, вклучени во проектот Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија.

На расправата  координаторот на Проектна единица за имплементација Владимир Ставриќ, го презентираше планот за динамика на проектните активности, а беше презентиран и проектниот прашалник.

Од  вкупниот износ од 50 милиони евра обезбедни за овој проект од Европската инвестициска банка, а според Законот за задолжување, во рамките на реализацијата на II фаза од проектот Водоснабдување и одведување на отпадни води во Македонија, за Општина Кочани се распределени 782.526.000 евра за замена на стари куќни водомери со нови.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio