Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци не застанува. Со 3 и пол милиони од сопствениот буџет ќе гради нови и реконструира 10 улици, во трите населени места

1,586
Изградба на нови и реконструкција на постоечки вкупно 10 улици во општина Зрновци во висина од околу 3, 5 милиони денари средства од сопствен буџет.
На 29-та редовна седница на Советот на општина Зрновци одржана на 18.08.2023 година едногласно од страна на Советот на Општина Зрновци беше донесена одлука за изградба и реконструкција на следните улици во трите населени места во општина Зрновци :
✅Изградба на нова улица во село Видовиште покрај Видовишка река со вкупна должина од 180м. и ширина 2м.
✅Изградба на нова улица во село Мородвис покрај Морошка река, со вкупна должина од 160м. и ширина 3м, со два броја решетки од по 3м за атмосверска канализација.
✅Изградба и Асфалтирање во село Мородвис на простор пред училиште „Синиша Стоилов“ паралелно со регионалниот пат со површина од 200м2.
✅Изградба на нова сервисна улица во село Зрновци од ул.Скопска до обиколница Зрновци-Мородвис, со вкупна должина од 170м и ширина 3м., со уредување и тампонирање на паркинг простор со површина од 800м2.
✅Изградба на нова улица во село Зрновци крак 1 од ул.Скопска со должина од 70м и ширина од 2,5м.
✅Изградба во село Зрновци на Крак 4 од ул.Илинденска,со вкупна должина од 30м и ширина од 3м.
✅Реконструкција во село Зрновци на дел од ул.Скопска од ул.Илинденска во должина од 204м и ширина 3м.
✅Реконструкција во село Зрновци на два крака на ул.Аспарух Манев, со вкупна должина 200м и ширина 3,5м.
✅Рекострукција во село Зрновци на Крак 3 од ул.Илинденска на КП бр.5121 со должина од 40м и ширина од 3м.
По завршување на постапка за избор на економски оператор и потпишување на договорите, со започнување на градежните активности започнуваме крајот на месец Септември.

Инаку Општина Зрновци има аплицирано и за проект со финансиска конструкција од 439 445 евра, за промена на секундарната водоводна мрежа. Од Министерството за животна средина и просторно планирање веќе се распределени средства во висина од 396 142 евра, за подобрување на водоводната инфраструктура. Реализацијата ќе започне во Април 2024 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio