Радио Кочани
Кочани

Луѓето со механички срца – за трансплатација бараат помош од Владата…

483

Луѓето со механичка срцева пумпа бараат и за нив да се започне со трансплантација на срце. Со години добивале само ветувања и досега не е извршена таква трансплантација. Пациентите на механичка циркулаторна поддршка чекаат со години за трансплантација, но само доколку се најде соодветен донатор. Проблемот е што државата треба да обезбеди владин авион за да донесе стручњаци од странство кои ќе ја вршат операцијата, бидејќи нашите кардиолози се уште не почнале да прават трансплантација на срце кај луѓе со механичко срце.

Пред неколку години имаше 25 пациенти со механичка пумпа, но бројот се намалува, останаа десет. Ова е последица на негрижата на Владата кон овие луѓе, вели Јолески. Во Охрид и Струга има две лица, едното има 38, а другото 31 година и двајцата на ваков тип на операција чекаат четири години. Вели дека нивниот проблем не чека и мора веднаш да се реши, нивните механички срца немаат време да чекаат смена на министрите за здравство на секои 6 месеци.

Поврзани на механичка пумпа 24 часа на ден, овие луѓе се целосно зависни од батериите што се полнат. Батериите, каблите и струјата им значат живот. Секојдневно се изложени на овој животозагрозувачки ризик и единствена надеж им е трансплантација на срце, што се прави само со заложба на Владата.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio