Радио Кочани
Кочани

Поправка на оштетени асфалтни површини на улиците во Кочани

633

На три локации на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани во тек е санација на оштетената асфалтна површина околу сливните решетки.

Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс инженеринг“ ги поправа прекопите на улиците и оштетените коловози  со топла асфалтна маса.

Во наредниот период ќе се санираат оштетени асфалтни површини и на улиците „Маршал Тито“, „Димитар Влахов“, „Скопска“, „Ристо Симеонов“, „Павлина Велјанова“, „Македонска“, „Ване Грдовјански“ и др.

Изминатиот период со топла асфалтна маса беа извршени поправки на улиците „Партизанска“, „Митко Беќарски“ и „Шукри Шаин“.

За крпење на прекопи на улици и оштетени асфалтни површини оваа година се издвоени 3.326.042 денари од општинскиот буџет.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio